Почина Амалија Кнавс, мајката на Меланија Трамп. Таа имаше 78 години.

Веста за нејзината смрт ја потврди поранешната прва дама на САД на Твитер.

Со длабока тага соопштувам дека почина мојата сакана мајка Амалија. Амалија Кнавс беше силна жена која секогаш беше грациозна, топла и достоинствена. Таа беше целосно посветена на сопругот, ќерките, внукот и зетот. Ќе ни недостига неизмерно и ќе продолжиме да го почитуваме и сакаме нејзиното наследство“, напиша Меланија.

Со Амалија се прости и Доналд Трамп. „Ова е тажна ноќ за целото семејство Трамп! Убавата мајка на Меланија, Амалија штотуку замина на прекрасно место на рајот. Беше неверојатна жена и ќе ни недостига“, рече тој на Truth Social.

Причината за смртта на Амалија се уште не е позната. За време на празниците таа беше во болница, а Меланија беше со неа цело време.

Поради Меланија и бракот со Доналд Трамп, Амалија и нејзиниот сопруг Виктор Кнавс се преселиле од Словенија во Америка. За време на мандатот на Трамп тие добија американско државјанство.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.