Поранешната сопруга на Доналд Трамп, Ивана Трамп, почина на 73-годишна возраст, соопшти семејството.
„Нашата мајка беше неверојатна жена – сила на работа, спортист од светска класа, сјајна убавина и грижлива мајка и пријател. Ивана Трамп беше борец. Таа избега од комунизмот и ја прегрна оваа земја. Таа ги научи своите деца на храброст и цврстина , сочувство и решителност“, се вели во соопштението на семејството Трамп, кое го сочинуваат нејзините три деца и десет внуци.
JUST IN – Trump’s first wife and mother of his 3 eldest children, Ivana Trump, has died. pic.twitter.com/d2uI3dolkP
— Disclose.tv (@disclosetv) July 14, 2022
Во изјавата за својата платформа Truth Social, Доналд Трамп се сеќава на Ивана како „прекрасна, убава и неверојатна жена, која водеше одличен и инспиративен живот“.
„Нејзината гордост и радост беа нејзините три деца, Доналд Џуниор, Иванка и Ерик“, напиша тој.
Таа беше толку горда на нив, како што сите ние бевме толку горди на неа“.
Ивана Трамп беше првата сопруга на Доналд Трамп. Заедно имаа три деца: Доналд Џуниор, Иванка и Ерик Трамп.
Ивана, која е родена во Чехословачка, а се омажи за Трамп во 1977 година. Тие беа во брак до 1992 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.