Канадскиот премиер Џастин Трудо го обвини Фејсбук дека го става профитот над безбедноста на луѓето за време на вонредната состојба предизвикана од невидената сезона на шумски пожари во Канада.

Мета, матичната компанија на Фејсбук и Инстаграм, претходно ова лето објави дека ќе го исполни ветувањето дека ќе ја блокира информативната содржина од Канада на своите платформи поради новиот закон кој бара од технолошкиот гигант да им плаќа на издавачите чии линкови ги користи или на друг начин ги пренаменува нивните содржини на интернет.

Шумските пожари кои беснеат низ Канада принудија десетици илјади луѓе да ги напуштат своите домови и се доближија близу градовите како Јелоунајф, главниот град на северозападните територии, додека околу 30.000 луѓе во провинцијата Британска Колумбија добија наредба да се евакуираат.

Во моментов, во вонредна ситуација каде што ажурираните локални информации се поважни од кога било, Фејсбук ги става корпоративните профити пред безбедноста на луѓето – рече Трудо на прес-конференција во Корнвол, островот Принц Едвард.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.