Поранешниот боксер и актуелен градоначалник на Киев Виталиј Кличко се разведува од сопругата Наталија.
Тој за потврдил веста за украинските медиуми и рекол дека одлуката за развод по 25 години минати во брак била заедничка.
Одлуката за развод беше заедничка. Долги години наназад имаме различни интереси и различни животи. Одлучивме тоа да го направиме официјално. И натаму имаме добар однос, се почитуваме, децата веќе пораснаа, а животот оди понатаму, вели Виталиј.
Моето срце е окупирано само со Киев, како да не го сакам мојот Киев, додава Кличко.
Виталиј и Наталија се венчаа во 1997 година и имаат два сина и една ќерка.
Наскоро поранешната сопруга на Кличко се занимава со хуманитарна работа, а со животот пробала да биде и пејачка и кантавторка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.