Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ дсе спротивстави на политиката на премиерот на Унгарија Виктор Орбан, според која, само оние со унгарски регистерски таблички ќе можат да полнат гориво по пониски цени во Унгарија, велејќи дека одлуката ќе падне.
Важно е Унгарија да не ги дискриминира другите граѓани на ЕУ. На бензинска пумпа не може да се каже „Унгарците можат, а некој со хрватска регистрација не може”. Тоа не доаѓа предвид, тоа е чисто кршење на европските права. Мора да престане и ќе престане, рече Пленковиќ.
Тој додаде дека ако некој веќе има таква цена, не може да им ја оневозможи на другите.
Тоа сигурно ќе падне на суд. Нема теоретски шанси, изјави хрватскиот премиер.
Возачите со странски регистарски таблички повеќе не можат да купуваат гориво во Унгарија по цени ограничени од Владата, а кои се најниски во ЕУ, објави во четвртокот Будимпешта.
Шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан рече дека мерката има за цел да ги спречи „бензинските туристи“ да ги злоупотребуваат унгарските резерви на гориво.
Гергељ Гуљас на редовниот брифинг им рече на новинарите дека „странските купувачи го користат фактот што Унгарија може да ги задржи цените на бензинот на 480 форинти (1,22 евра) за литар, додека на друго место во Европа на 700-900 форинти“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.