Австриските власти уапсија 16-годишно момче под сомнение дека планирало напад на синагога во Виена, изјави денеска министерот за внатрешни работи Герхард Карнер.

– Тинејџерот, кој беше уапсен во четвртокот, на интернет напишал дека имал намера да набави оружје за да нападне неодредена синагога во Виена, рече Карнер.

Тој веќе ги набавил финансиските средства за нападот.

Властите не објавија информации за идентитетот на осомничениот, но рекоа дека тој живеел во близина на градот Штајр во северна Австрија.

Неговиот дом е претресен и запленети се неколку носачи на електронски податоци. Властите пронајдоа фотографии и видеа со упатства за тоа како да се направат бомби и како да се ракува со оружје и муниција.

Австриската полиција ја зголеми безбедноста во и околу синагогите и другите еврејски и израелски институции по серијата антисемитски инциденти по избувнувањето на војната меѓу Израел и палестинската исламистичка група Хамас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.