На границата на Украина со Молдавија припадниците на украинската гранична стража откриел о заробиле десетина луѓе, кои се обидувале нелагално да ја напуштата државата, со цел да ја избегнат мобилизацијата во оружените сили и да бидат испратени на фронтот.

Како што пишуваат украинските медиуми, луѓето платиле по пет илјади долари на шверцери на луѓе за да ги пренесат реката Днестар.

Сепак, кога дошле на брегот на реката, наместо феробот, таму во заседа ги чекале украинските граничари.

Како што коментираат на украинските социјални мрежи, шверцерите на луѓе биле всушност прикриени припадници на граничната служба, кои со ваквите измами добиваат двојна корист, од една страна добро заработуваат, а од друга можат да пријават добра бројка на спречени нелегални напуштања на Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.