Мајката на две деца од Велика Британија тврди дека по „чашка повеќе“ нарачала такси за Украина, а единственото нешто што ја спасило од вртоглав трошок е што немала доволно пари на сметката – иако возачот на „Убер“ девет пати се обидел да подигне пари.
Леони Филдес (34) во саботата вечерта излегла да го прослави роденденот на својата пријателка, на кој почнале да зборуваат за војната во Украина, а дебатата набрзо излегла од контрола.
🟥 Mum, 34, orders £4.5k Uber from Salford to ‘help Ukraine’ after ‘one too many double pink gins and shots of Sambuca’. 🍹
Leoni Fildes was only saved from the 1,700-mile trip by having ‘insufficient funds’ – and claims Uber tried nine times to take the payment.🎈 pic.twitter.com/EvUZRjupg3
— UkrainianGold (@UkrainianGold) March 17, 2022
За британските медиуми таа споделила дека веќе испила неколку дупли џинови и самбука, па решила да повика такси и да оди „да им помогне на Украинците“. Цената на превозот до Украина била проценета на 4.578 фунти (oколу 337 илјади денари), но убер-апликацијата веднаш сигнализирала дека нема доволно пари на сметката.
Леони тврди дека „едвај се сеќава“ на својата луда идеја, но на нејзината ризична грешка се потсетила кога ја разбудил повик од банката од каде ѝ кажале дека некој дури девет пати се обидел да подигне пари од нејзината сметка.
Леони вели дека сега ѝ е мило што немала доволно пари на нејзината сметка.
Leoni Fildes had been out to celebrate her friend’s birthday on Saturday night.
The 34-year-old claims she had already downed a ‘few double pink gins and ‘shots of sambuca’ when she drunkenly decided to go there in a taxi to ‘help’ the Ukrainian cause.https://t.co/4ConSjLcjx pic.twitter.com/rCm5qHmNw6— Viacheslav Dudkin (@slavadudkin) March 17, 2022
Следниот ден не се сеќавав што направив. Ме разбуди повик од банката, ми рекоа дека мислат дека картичката ми е украдена и дека „Убер“ девет пати се обидел да ми ги повлече парите. Потоа малку ми се врати сеќавањето. Им кажав дека мислам дека тоа сум јас и им се извинив. Се сетив дека баравме да земеме удобен автомобил, најголемиот автомобил што го имаат, зошто патот е долг, изјави Леони и додаде дека не знае што би направила доколку имала доволно пари на сметката.
Додала и дека час и половина подоцна не можела да добие никакво такси за да ја однесе дома.
Веднаш ми се јавија за да ме однесат во Украина, но не ми одговорија на повикот да ме однесат во куќа оддалечена 10 минути, вели бесно таа.
„Убер“ соопшти дека го истражува случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.