Руските медиуми објавија дека петмина вработени во Министерството за вонредни ситуации на Луганската Народна Република загинале, а девет се ранети во украинското гранатирање на населбата Червони Прапор.

Нападот е извршен од американските повеќецевни ракетни фрлачи ХИМАРС, соопшти Претставништвото на ЛНР во Заедничкиот центар за контрола и координација на прашањата поврзани со воените злосторства на Украина.

За време на активностите за средување на последиците од ноќниот напад врз селото Червони Порор, вооружените сили на Украина извршија уште еден ракетен напад врз селото со помош на американскиот повеќецевни систем ХИМАРС. Петмина вработени во Министерството за вонредни состојби на ЛНР и службите за итни случаи загинаа, а девет се ранети – се наведува во соопштението на каналот Телеграм.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.