Пет години по катастрофалниот пожар и по реставрацијата вредна 700 милиони евра, Нотр Дам во Париз ќе биде официјално отворена следниот викенд, 7 и 8 декември.

Претходно, катедралата, стара 860 години, ќе ја посети францускиот претседател Емануел Макрон.

Низ историјата, Нотр Дам била сведок на крунисувања, протести, перформанси како што се бракот на Џејмс V и крунисувањето на Наполеон. Една од најпознатите е сликата на Жак-Луј Давид на крунисувањето на Наполеон Бонапарта како император, настан на кој уметникот лично присуствувал во 1804 година. Освен што прикажува важни ликови, вклучително и членови на семејството Бонапарта, уметничкото дело ја открива внатрешноста на катедралата во тоа време.

На 15-ти април 2019-та година, целиот свет, а посебно Франција, а најмногу Париз, беа парализирани од шок од сцената како до рушење гори Нотр Дам. Пет години и 780 милиони евра подоцна, на катедралата ѝ е вратен оригиналниот лик.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.