Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, порача дека руската специјална воена операција во Украина не зависи од временските услови и ќе продолжи.

Песков додаде дека целите на операцијата мора да се постигнат.

Одговарајќи на прашање за милионите украински граѓани кои на 15 ноември останаа без струја и топлина поради руските борбени операции во време кога временските прогнози предвидуваа пониски температури на воздухот, Песков рече дека тоа е резултат на напад на воена инфраструктура.

Тоа се случи поради одбивањето на Киев да води преговори, изјави Песков.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, вчера соопшти дека на 15 ноември руските вооружени сили извршиле масовен напад со високопрецизно оружје со долг дострел од воздух и море врз украинската војска, системите за команда и контрола и сродните енергетски објекти, додавајќи дека „целите на нападот биле погодени“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.