Мирот во Украина нема да биде возможен додека Русија не ги повлече своите трупи, но Москва не покажува знаци на подготвеност за тоа, рече на 17 ноември високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

Се плашам дека Русија не е подготвена да се повлече и додека не се повлече, нема да има мир“, изјави Борел за Ројтерс при посетата на узбекистанскиот град Самарканд.

„Русија е таа што мора да го олесни мирот, агресорот мора да се повлече ако сака одржлив мир“, рече тој.

Утрото на 17 ноември Русија изврши напади во јужниот украински регион Одеса и врз градот Днипро за прв пат по неколку недели. Системите за противвоздушна одбрана оперираат во централниот регион Киев, изјави гувернерот Алексеј Кулеба.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.