По воведувањето на западните санкции, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој воведе нова процедура за плаќање на рускиот гас на 1 април годинава.

Земјите кои одбија да платат за гас според новиот аранжман на Москва заснован на рублјата веќе се исклучени од снабдувањето, но не се планирани нови исклучувања, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Некои земји се веќе исклучени. Не се планирани нови исклучувања. Оние земји кои добиваат гас веќе функционираат според новиот систем, опишан во релевантниот декрет на претседателот на Русија. Овој систем функционира совршено, рече тој пренесува ТАСС.

По воведувањето на западните санкции, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој воведе нова процедура за плаќање на рускиот гас на 1 април годинава.

Од тој датум, земјите кои сакаат да купат руски гас мора да се усогласат со новата шема за плаќање, која вклучува отворање две сметки, едната за плаќања во странска валута, а другата за претворање на тие средства во рубли.

Русија ќе продолжи да испорачува гас во количини и по цени утврдени со претходни договори, соопшти ТАСС.

Поради одбивањето да го платат гасот во рубли, Гаспром досега ги откажа испораките за Бугарија, Полска и Финска, како и за данските Орстед и Шел Енерџи за снабдување со гас за Германија и данската компанија ГасТера, наведува Ројтерс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.