Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, најави дека има уште време таканаречените „непријателски“ земји да се префрлат на плаќање на рускиот гас во рубљи, но одби да открие колку земји досега се согласиле на тоа.

Како што пренесува „Ројтерс, Песков порача дека плаќањата во рубљи за испорака на гас извршени по стапувањето во сила на указот на претседателот Владимир Путин доспеваат во мај.

Кон крајот на март, рускиот претседател Путин потпиша декрет со кој се бара од странските купувачи да плаќаат за гас во руска валута или нивните испораки ќе бидат суспендирани, барање кое европските престолнини го отфрлија, а Германија го оцени како „уцена“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.