Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ситуацијата во која се наоѓа Русија денес ја опиша како „совршена бура“ и момент на вистината, додавајќи дека претседателот Владимир Путин знае каде ја води земјата.
Всушност, сега живееме во услови на ‘совршена бура’ и момент на вистината, таа бура и тој момент што треба да ги обезбедaт и заштитат нашите интереси, за да живеете подобро, поудобно, постабилно и посигурно, рече Песков, а пренесува „Интерфакс“.
Тој посочи дека Москва е убедена оти сè ќе биде во ред, дека ќе победи и ќе ги постигне сите свои цели.
Нашиот претседател знае каде ја води нашата земја, сите гледаме каков политички консензус и ниво на поддршка има нашиот претседател – тој е поддржан од целата земја- рече Песков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.