Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека резолуцијата на Генералното собрание на ОН за репарациите за Украина е „формализација на грабежот“ на руските златни и девизни резерви.
-Се разбира, организаторите на овој процес се обидуваат да го завршат грабежот на нашите златни и девизни резерви, што се целосно незаконски блокирани. Всушност, тоа е формализирање на овој грабеж со помош на платформата на ОН. Оваа одлука не е правно обврзувачка, па ние сме категорично против тоа“, им соопшти Песков на новинарите во Москва.
Тој истакна дека „Русија ќе направи се што може“ да го спречи запленувањето на замрзнатите руски средства и додаде дека „нема ни збор за обновување на украинските објекти“ што беа уништени во борбите.
Генералното собрание на ОН вчера усвои резолуција со која Русија се повикува на одговорност за кршењето на меѓународното право против Украина, кое вклучува исплата на репарации.
Од 181 гласач, 94 држави гласаа за резолуцијата, 14 држави беа против, а 73 држави се воздржаа од гласање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.