Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека е важно да се продолжи комуникацијата со рускиот претседател Владимир Путин.

„Пред војната зборував со него сам долго време во Москва. После тоа разговаравме по телефон во одредени интервали“, рече Шолц додека им се обраќаше на новинарите на самитот на Групата 20 на Бали, пренесува ТАСС.

Шолц, кој на 15 февруари ја посети Москва и по тој повод разговараше со Путин, оцени дека ваквите контакти се многу важни.

„Можеме темелно да разговараме за прашања за кои имаме различни ставови“, објасни тој и повторно ја повика Русија да ги повлече своите сили од Украина.

Шолц истакна дека подеднакво е важно да се разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.