Рускиот претседател Владимир Путин е рамнодушен кон санкциите воведени против него, бидејќи тој нема имот во странство, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој е прилично рамнодушен, рече Песков на прашањето како Путин лично ги доживува западните санкции против него, додавајќи дека претседателот на Русија годишно го објавува својот имот, пренесе ТАС С.

Песков додаде дека Европската унија има непријателски однос кон Русија и презема непријателски мерки.

Европската унија е здружение кое презема, да ги наречеме работите со вистинско име, непријателски мерки против нас, додаде Песков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.