Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги демантираше тврдењата на поранешниот британски премиер Борис Џонсон дека рускиот претседател Владимир Путин му се заканувал со ракетен напад и изјави дека знае што разговарале Путин и Џонсон.

Не, тоа што го кажа господинот Џонсон не е вистина, поточно е лага. И, згора на тоа, ќе кажам дека или е свесна лага, тогаш прашање е со која цел избрал таква верзија на презентацијата, или е несвесна, бидејќи всушност не разбрал за што зборува претседателот Путин – рече Песков во одговор на новинарско прашање.

Песков рече дека знае што разговарале Путин и Џонсон, пренесува РИА Новости.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.