Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Москва сака да Украина да има неутрален статус, да биде демилитаризирана и да ги отстрани нацистите од земјата.

Времетраењето на операцијата ќе биде одредено според нејзините резултати и нејзината оправданост. За тоа ќе одлучи врховниот командант на вооружените сили Владимир Путин –  изјави Песков на прес-конференција откако Русија почна воена акција во Украина од копно, воздух и море.

Песков објасни дека Москва не сака да ја „окупира Украина“ и дека иднината е „прашање на
избор на украинскиот народ“.

Теоретски, Украина треба да се ослободи и исчисти од нацистите – изјави портпаролот на Кремљ.

Според Песков, одлуката за напад на Украина „била диктирана од грижата за иднината на
Русија, која со недели барала од Западот да вети дека Киев никогаш нема да влезе во
НАТО“.

Тој ја спомена „неутрализацијата на воениот потенцијал на Украина“, која „неодамна
беше силно зајакната, дури и благодарение на акциите на странските земји“.

Песков исто така порача дека Москва е подготвена да разговаа со украинските лидери за
овие барања, доколку тие се „подготвени за дијалог“.

Направивме се што можеме за да го направиме овој емотивен период што е можно пократок – изјави Песков.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.