Многу компании од Европа и од САД планираат што поскоро да се вратат на рускиот пазар, иако сега треба да почекаат, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Има одлуки на поединечни влади, има одлука на Европската Унија како интеграциска асоцијација, има директива за сите вазали од САД. Но, многу компании од САД и Европа, како што знаеме, за жал сега се принудени да чекаат – рече Песков во интервју за ТАСС.

Што се однесува до присуството на странски лидери на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург оваа година, портпаролот на рускиот претседател изјави дека покрај казахстанскиот претседател Касим-Јомарт Токаев, оваа година ќе бидат присутни и други учесници.

На земјите кои одбија да платат за гас според новиот аранжман на Москва заснована во рубља, веќе им е прекинато снабдувањето, но не се планирани нови прекини – изјави пред неколку дена портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Некои земји се веќе исклучени. Не се планирани нови исклучувања. Оние земји кои добиваат гас веќе функционираат според новиот систем, опишан во соодветниот указ на претседателот на Русија. Овој систем функционира одлично, наведе тој, пренесува ТАСС.

По воведувањето на западните санкции, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој воведе нова процедура за плаќање на рускиот гас на 1 април годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.