Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Европејците се откажале од долгорочната и пазарната интеракција кога станува збор за снабдувањето со енергенси и дека затоа, сега се принудени поскапо да плаќаат за гасот.

Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин кажал дека сите енергетски интеракции на Русија во областа на снабдувањето со енергенси треба да бидат што е можно потранспарентни, исклучиво пазарни и врз долгорочни договори.

Европејците се откажаа од тоа и сега купуваат гас не за 300, туку приближно за 1.300 долари – изјави Песков.

Кризата со гасот беше поттикната и од последната ескалација на тензиите во односите меѓу Русија и Западот околу Украина.

Западот и се заканува на Русија со санкции доколку ја нападне Украина, а во нив може да биде опфатен и гасоводот „Северен тек 2“, што веќе е завршен, но за кој Германија се уште не дава употребна дозвола.

Со овој гасовод гасот директно се носи од Русија до Германија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.