Вашингтон би сакал Русија да биде ослабена до тој степен што повеќе не може да го прави она што го направи со напад на Украина, изјави шефот на Пентагон, Лојд Остин.

– Сакаме да ја видиме Русија ослабена до тој степен што повеќе не може да го прави тоа што го направи со инвазијата на Украина. Сакаме да ја видиме меѓународната заедница пообединета, особено НАТО, рече Остин.

Тој и Блинкен во неделата одржале продуктивен состанок со украинските власти, на кој разговарале за поддршката на украинската армија.

„Тоа беше многу продуктивна дискусија, разговаравме за поддршката на безбедносните сили, нивната обука, како и за клучните прашања за кои ќе разговараме утре во базата Рамштајн на состанокот со министрите за одбрана“, рече шефот на Пентагон на прес-конференција.

Во таа насока, тој истакна дека главна тема на утрешната средба ќе бидат разговорите за помош на украинските вооружени сили.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.