Американските разузнавачи проценуваат дека над 7.000 руски војници се убиени во Украина за само три недели борби. Меѓу загинатите има најмалку тројца генерали.

Се проценува дека се повредени меѓу 14.000 и 21.000 војници.

Неверојатната бројка, наречена „конзервативна“ проценка, најверојатно ќе почне да спречува некои руски единици да ги извршуваат неопходните операции во борба, пишува „Њујорк тајмс“.

Кога една единица ќе достигне стапка на жртви од 10%, вклучувајќи ги и мртвите и ранетите, таа има проблеми со функционирањето, велат од Пентагон. Моралот, кохезијата на единицата и свесноста за ситуацијата паѓаат со големи загуби.

Во неодамнешниот извештај на Пентагон за падот на моралот на Русија се опишани војниците кои ги паркирале своите возила и дезертирале во шумата, се вели во извештајот.

Проценките на Украина за жртвите на Русите се далеку повисоки, а бројките на Кремљ се многу пониски.

Во борбите се вклучени околу 150.000 руски војници.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.