Пентагон соопшти дека Русија истрелалала 600 ракети од почетокот на инвазијата врз Украина, што е значително зголемување на динамиката, откако во петокот тој број изнесувал 500.

Висок официјален претставник на американската одбрана изјави дека Русија дислоцирала 95 отсто од своите сили кои биле однапред позиционирани за инвазијата во Украина. Тој додаде дека се направени само „ограничени промени на теренот“ во изминатите 24 часа.

Руските сили продолжуваат со напорите за унапредување и изолирање на Киев, Харков и Чернигов на север и на исток се соочуваат со силен украински отпор – вели официјалниот претставник, додавајќи дека рускиот конвој северно од Киев и понатаму е во застој.

Во јужниот дел на Украина, Пентагон продолжува да ги набљудува борбите во близина на Николаев и Херсон, црноморскиот град што руските сили го зазедоа минатата недела.

Американските и западните власти се загрижени дека Русија се движи кон запад долж брегот на Црното Море поради можен напад врз Одеса, критичниот пристаништен град.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.