Еден ден по разорните ракетни напади во Украина, утринава во Киев и во неколку други региони се огласија сирени за воздушен напад, објавија украинските медиуми, известувајќи дека Запорожје повторно е цел на руски ракетни напади, а во Виница била погодена термоцентрала од камикази беспилотни летала.

Регионите во кои, покрај Киев, се огласија и сирените се Запорожје, Чернихив, Виница, Одеса, Суми и Дњепар, јавуваат украинските и руските медиуми.

Беше изведен и жесток напад врз инфраструктурата во Одеса, која се најде на мета на руските крстаречки ракети . Утринава нападот со крстосувачки ракетен H-101 повторно беше извршен од руски стратешки бомбардери ТУ-95 МС од областа на Каспиското Езеро, од каде што руската стратешка авијација веќе подолго време извршува напади врз цели во Украина.

Воздушната закана се прошири од централниот и јужниот дел на Украина кон западниот дел. Сега целата територија на Украина е под црвена тревога

Украинските служби за итни случаи соопштија дека во вчерашните масовни руски ракетни напади низ Украина загинале 19 лица, а 105 се ранети.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.