Сирените се огласуваат низ Ерусалим и Тел Авив во моментов, јавија локалните израелски медиуми. Регистрирани се серија детонации веднаш по активирањето на сирените.

Вооруженото крило на Хамас потврди дека истрелало ракети кон Ерусалим како одговор на бомбардирањето на цивилни домови.

Засега нема извештаи за загинати или материјална штета.

Претходно израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека Израел ќе се одмазди за разорниот напад на Хамас и притоа ќе го трансформира Блискиот исток.

Знам дека поминавте низ тешки, ужасни работи. Она низ што ќе помине Хамас ќе биде тешко и страшно – ние веќе сме среде битка, а само што започнавме. Нацијата ќе го преврти секој камен за да ви помогне на сите. Ве молам да застанете цврсто затоа што ќе го промениме Блискиот Исток – рече Натанјаху, обраќајќи им се на градоначалниците од југот на земјата.

Од безбедносни причини Израел го прекина производството на гасното поле Тамар во близина на својот јужен брег и најави дека ќе бара алтернативни извори на гориво за да ги задоволи потребите за енергија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.