Властите во источната кинеска провинција Шандонг објавија дека откриле „неидентификуван летечки објект“ во близина на брегот, и дека во тек се подготовки за негово соборување, јави „Глобал Тајмс“.

Поточно, овој објект е лоциран во водите на Жолтото Море, во близина на брегот на градот Рижао, според провинциските поморски власти во соопштението објавено од кинескиот државен весник „Глобал Тајмс“.

Кинеската армија, според објавата, се подготвува да го собори објектот. Надлежните бараат од рибарите во околината да ги преземат неопходните заштитни мерки.

Американски бомбардери соборија непознат летечки објект над Канада, а ден претходно и еден над Алјаска. САД и Канада ги бараат остатоците од леталата заради натамошна анализа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.