Шпанскиот премиер, Педро Санчез, предупреди дека е потребна европска реформа на Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) за да се спречи криза со храна по руската воена акција во Украина.

Треба да обезбедиме многу посилно производство на храна во Европа отколку што сега имаме, со други зборови, да ја реформираме ЗЗП – порача Санчез.

Шпанскиот премиер, исто така, потенцираше дека е важно да се мобилизира меѓународната заедница и да се најдат нови земји од кои ќе се увезуваат житни култури.

Тој ги осуди руските воени активности во Украина и изјави дека лидерите на земјите од ЕУ во Версај ќе разговараат за одбранбените прашања, како и за социјалните и економските последици што конфликтот ќе ги предизвика за Европејците, вклучително и инфлацијата и зголемувањето на цените на енергијата, храната и суровините.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.