Папата Франциск се извини за употребата на навредливите зборови за време на разговорот со кардиналите за примање на геј мажи во семинариите, изјавувајќи дека „никогаш немал намера да навреди некого или да користи хомофобични термини“.

Извинувањето уследи по вчерашните извештаи во италијанските медиуми дека за време на минатонеделната затворена дискусија во Ватикан 87-годишниот папа кажал дека во семинариите веќе има премногу „фроциаџина“. Овој италијански збор во слободен превод значел „педер“.

Матео Бруни, директор на прес-службата на Ватикан, денеска изјави дека папата бил запознаен со вестите за разговорот зад затворени врати и „се извинува до оние кои биле навредени од употребата на терминот, за кој кажале други“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.