На одбележувањето на 60-годишнината од Вториот ватикански концил папата Франциск повика на црковно единство во време на најизразена поларизираност во поновата историја на католицизмот.

Познат како Втор ватикански собор, концилот заседаваше во периодот од 1962 до 1965 година, при што делегатите од целиот свет се заложија за модернизација на древната црква, изготвувајќи 16 документи што влијаеа врз многу апсекти на црковниот живот.

Напуштено беше правилото за задолжително богослужење на старолатински јазик, литургиите почнаа да се водат на локалните јазици, а беше отворен и патот за дијалог на Католичката црква со останатите религии. Еден од усвоените документи ја отфрли колективната вина на Евреите за смртта на Исус, што ги револуционаризираше католичко-еврејските односи.

Но, некои од учењата на концилот последните неколку децении станаа предмет на длабока контроверза во католицизмот, особено во богатите земји каде поделбите често пати се водат по политички линии.

Во мисата одржана во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, папата Франциск посочи на вина кај двете страни.

И ’прогресивизмот’ што стои зад светот и ’традиционализмот’ што копнее по минатиот свет не се доказ на љубов, туку на неверство – порача папата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.