Папата Франциск ги повика калуѓерките да се борат доколку со нив „се постапува неправедно, дури и во рамките на Црквата“, признавајќи дека нивната служба понекогаш се „сведува на ропство“.
Ги повикувам да се борат кога, понекогаш, кон нив се постапува неправедно. Понекогаш, дури и внатре во Црквата, кога нивната толку благородна служба, е сведена на ропство. Понекогаш за тоа се одговорни луѓето од Црквата. Нека не се обесхрабруваат – изјави Светиот Отец во видео пораката објавена за да ги претстави неговите февруарски молитвени намери посветени на калуѓерките и жените посветени на Бога.
85-годишниот Франциск постојано го осудува „насилството и ропскиот однос кон жените“.
Прашањето за калуѓерките кои ги извршуваат домашните работи во служба на машката црковна хиерархија, особено на кардиналите и членовите на Куријата, веќе беше во центарот на јавниот интерес.
Овие жени работат како слугинки за свештеници, бискупи и кардинали, при што готват, чистат, перат облека и се многу слабо платени. Тоа во црквата се смета за нормално: жените мора да служат без да бараат ништо за возврат. Тие се научени да бидат почестени со тоа што им служат на свештениците. Тоа е начин на размислување – изјави Луцета Скарафија, историчар, коментатор и поранешен директор на списанието „Жена, црква, свет, која е авторка на книгата „Феминистка и христијанка“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.