Папата Франциск, за време на традиционалниот неделен благослов, се осврна на 2023 година како година обележана со војни.

Говорејќи од прозорецот со поглед на плоштадот Свети Петар во Ватикан, Папата упати молитви за „измачениот украински народ и палестинското и израелското население, суданскиот народ и многу други“.

На крајот на годината ќе имаме храброст да се запрашаме колку човечки животи се уништени од вооружените судири, колку мртви и колку уништувања, колку страдања, колку сиромаштија. Оние кои имаат интерес во овие конфликти, слушајте го гласот на совеста, порача понтифот.

Илјадници луѓе се собраа на плоштадот за да го слушнат последниот неделен благослов на папата Франциск за оваа година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.