Папата Франциск е примен во болницата „Гемели“ во Рим на претходно закажани прегледи, изјави неговиот портпарол Матео Бруни.

Во неделата, 86-годишниот поглавар на Римокатоличката црква се појави во јавноста и, според извештајот на Ројтерс, изгледа дека се чувствува добро.

Папата Франциск боледува од дивертикулитис, инфекција или воспаление на дебелото црево, а во 2021 година беше опериран и му беше отстранет дел од дебелото црево.

Претходно оваа година, папата рече дека инфекцијата се вратила, поради што се здебели, но рече дека не е премногу загрижен, пренесуваат медиумите.

Поглаварот на Римокатоличката црква има проблем и со коленото, поради што за време на јавните настапи се помага со стап и инвалидска количка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.