Германија депортирала многу помалку луѓе во 2021 година отколку во периодот пред пандемијата на корона вирусот. Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека минатата година имало 11.982 депортации.
Во 2020 година, кога имаше посилни меѓународни ограничувања за патување, германските власти извршиле 10.800 депортации.
За споредба, во 2019 година имало околу 22.100 депортации од Германија.
Најмногу депортации минатата година по воздушен пат имало во Грузија и Албанија, кога 1.116 и 908 лица биле вратени назад.
Во 470 случаи, сириски државјани кои незаконски престојуваат во Германија биле депортирани, но не во Сирија.
Минатата година имало околу 400 депортации на луѓе од Турција или Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.