Шефот на агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини денеска изјави дека мнозинството палестински бегалци кои живеат во кампови во јужен Либан или во близина на Бејрут избегале поради израелските напади.
Тој рече дека УНРВА продолжува да обезбедува услуги за најранливите Палестинци и оти оти тоа „бегство“ за жал е „дел од нивната историја“.
Израел ги засили своите напади врз позициите на Хезболах низ јужен Либан, издавајќи предупредувања за евакуација за повеќе од 100 градови во јужен Либан и населбите во близина на Бејрут.
Околу 1,2 милиони луѓе се раселени во Либан, а повеќе од 2.100 се убиени во изминатата година.
Хезболах почна да лансира ракети кон израелските воени позиции минатиот октомври во знак на солидарност со својот сојузник, палестинската терористичка група Хамас, која изврши терористички напад на Израел минатиот октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.