Пакистанските безбедносни сили го убиле командантот на Исламската држава, Шафи Ула и уште двајца милитанти за време на рација на нивното скривалиште во Баџаур, област во провинцијата Хајбер Пахтунхва во близина на границата со Авганистан.

Од пакистанската армија изјави дека Ула е еден од тројцата убиени екстремисти.

Пакистанската Влада соопшти дека Ула учествувал во напади врз безбедносните сили и дека учествувал во убиства на цивили. Во рацијата било запленето поголемо количество оружје и муниција.

Во последниве години, пакистанската војска изврши повеќе операции во појасот долж границата со Авганистан, што со децении служеше како безбедно засолниште за локалните и странските милитанти. Сепак, терористите продолжуваат да вршат напади во регионот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.