Пакистан апелира за натамошна меѓународна помош за справување со поплавите што силно ја погодија земјата.

Претставникот на Министерството за внатрешни работи, Салман Суфи, за Би-Би-Си изјави дека земјата очајнички бара меѓународна поддршка.

Пакистан се бореше со економски проблеми, но сега, токму кога требаше да ги надминеме, не погоди катастрофа поради монсуните – изјави Суфи.

Тој додаде дека средствата од многу развојни проекти се пренасочени за помош на луѓето погодени од поплавите.

Во поплавите од почетокот на сезоната на монсуните во Пакистан загинале околу илјада лица, а илјадници се принудени да ги напуштат своите домови, соопштија пакистанските власти.

Националната служба за борба против катастрофи и несреќи објави дека во последните 24 часа загинале уште 45 лица. Со ова вкупниот број жртви од средината на јуни достигна 982, а повредени се 1.456.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.