На социјалните мрежи се појави снимка од надзорна камера на која е снимен моментот кога паѓа авионот на кинеската авиокомпанија „Чајна Истерн Ерлајнс“, во кој загинаа сите 132 патници (123) и челнови на екипажот (9).
На снимката се гледа дека авионот паѓа вертикално надолу, целосно без контрола, по што удри во рид и експлодира во близина на градот Вужоу во округот Тенг во јужната провинција Гуангкси.
Авионот MУ5735 полетал нешто по 13 часот по локално време од југозападниот град Кунминг со дестинација до јужниот град Кантон, оддалечен околу 1.300 километри. според Кинеската управа за цивилно воздухопловство (CAAC), авионот изгубил контакт над градот Вуху.
Од Управата за цивилно воздухопловство соопштија дека на местото на несреќата испратиле спасивачки екипи, а противпожарната служба соопшти дека работи на сузбивање на планинскиот пожар предизвикан од несреќата.
Засега нема коментари од компанијата „Чајна Истерн Ерлајнс“, која е една од трите водечки кинески авиокомпании кои оперираат десетици домашни и меѓународни линии до 248 дестинации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.