Падот на бројот на бели регрути ја предизвика најтешката кадровска криза во американската војска во последните 50 години, пишуваат западните медиуми повикувајќи се на податоци на Пентагон.
Во 2018 година, 56,4% од регрутите биле белци. Во 2023 година таа бројка паднала на минимум од 44%. Процентот на Афроамериканците и Хиспаноамериканците се зголемила, но вкупниот број на регрути нагло паднал.
Бројките објавени од Пентагон покажуваат дека само 23 отсто од Американците на возраст од 17 до 24 години ги исполнуваат минималните стандарди за да се приклучат на војската без отфрлање. Само 10% сакаат да служат. Според истражување од 2022 година, младите не го сакаат стресот на војската и веруваат дека службата одзема време од другите професии.
Министерството за одбрана на САД ја нарекува 2023 година најтешка година за регрутирање – процес кој е исполнет со само 76,6 отсто, се наведува во публикацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.