Руската влада објави дека од 1 март го забранува извозот на бензин на шест месеци, одлука донесена за „стабилизирање“ на цените на бензинските пумпи на домашниот пазар.

Мерката, која ќе важи шест месеци, до 31 август, треба да послужи за одржување на стабилна состојба на пазарот на горива во периодот на зголемена побарувачка во пролет, особено во неколку рафинерии, најави Владата.

Забраната не се однесува на испораките според меѓународните меѓувладини договори, вклучително и со земјите-членки на Евроазиската економска заедница – Белорусија, Казахстан, Киргистан, Ерменија, додаде владата.

Ваква мерка Русија веќе имаше во есента 2023 година поради поскапувањето на горивата на бензинските пумпи, поради што куповната моќ на Русите, постојано се намалуваше.

Според официјалните податоци, Русија во 2023 година произвела 43,9 милиони тони бензин.

Финансискиот прилив од продажбата на нафта и нафтени деривати е од суштинско значење за Москва во време кога нејзината економија се свртува кон воена економија за поддршка на воената офанзива во Украина.

Последната забрана за извоз беше воведена две недели пред претседателските избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.