Претседателот на САД Џо Бајден денеска му порача на новоизбраниот претседател Доналд Трамп дека со нетрпение очекува „мирна транзиција“ во јануари, додавајќи дека ќе се погрижи неговиот претходник и наследник да биде соодветно прифатен при повторното преземање на Белата куќа во јануари.

Па, господине избран претседател, поранешен претседател, Доналд – рече Бајден додека Трамп седеше до него пред камин во Овалната канцеларија. „Честитки“, додаде тој.

Бајден му рече „добредојде назад“ на Трамп, по што двајцата се ракуваа.

Трамп одговори: „Политиката е тешка и често не е многу пријатен свет, но денеска е убав свет и многу го ценам тоа.“

Нивната средба потоа продолжи зад затворени врати.

Последен пат кога Трамп беше во Овалната канцеларија, му напиша писмо од две страници на Бајден и го остави во фиока во работното биро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.