Рускиот претседател Владимир Путин на синоќешната прес-конференција во неговиот изборен штаб изјави дека починатиот критичар на Кремљ, Алексеј Навални требало да биде ослободен во размената на затвореници со Западот, јавува ДПА.
На прес-конференцијата, Путин рече дека се согласил на договор за размена на затвореници, вклучувајќи го и Навални пред неговата смрт минатиот месец. Претседателот истакна дека главен услов за размената би бил Навални да не се врати во Русија.
Путин го нарече покојниот со неговото презиме и рече дека неговата смрт е тажен настан.
-Што се однесува до г-дин Навални: да, тој умре. Ова е секогаш тажен настан. Имавме и други случаи на луѓе кои умираат во притворските центри. Слични случувања „се случија и во Соединетите Држави, и тоа многу пати, рече Путин на прес-конференцијата.
Според руските власти, Навални починал на 16 февруари на 47-годишна возраст во арктичката казнена колонија „Поларен волк“, во близина на градот Салехард, кој се наоѓа веднаш на Арктичкиот круг, на околу 1.900 километри североисточно од Москва. Околностите околу неговата смрт остануваат нејасни. Неговата вдовица Јулија Навална верува дека нејзиниот сопруг бил убиен.
Вадим Красиков е име кое се појавува неколку пати во последните недели кога се зборуваше за потенцијална размена на затвореници меѓу Русија и западните земји во замена за Навални.
Красиков издржува доживотна казна затвор во Германија за убиството на Зелимкан „Торнике“ Кангошвили во 2019 година во Берлин. Красиков застрелал и убил грузиски државјанин со чеченско потекло, кој се борел против руските војници во Чеченија, а подоцна побарал азил во Германија.
Красиков беше осуден во 2021 година, а германските судии објавија дека тој дејствувал по налог на руските власти, кои му дале лажен идентитет, пасош и средства за да го изврши убиството. Убиството, како и пресудата, предизвикаа голем дипломатски спор меѓу Русија и Германија.
Красиков и неговите правни застапници ја оспоруваа неговата вина, па дури и го доведуваа во прашање неговиот идентитет. Красиков на почетокот на судењето рече дека бил погрешно идентификуван и дека е роден во Русија во 1970 година, а не во Казахстан во 1965 година.
Руските власти му издале на Красик лажен пасош под името Вадим Соколов, со кој патувал во Берлин, каде што неколку пати ја застрелал жртвата од зад грб со пригушувачки пиштол во близина на берлинскиот парк Клајнер Тиергартен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.