Украина објави дека нејзините сили првпат го собориле најсовремен руски борбен авион Су-57 на аеродром во Русија.

Според Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина, на 8 јуни на територијата на аеродромот Ахтубинск во Астраханската област во Русија, кој се наоѓа на 589 километри од линијата на фронтот, беше соборен повеќенаменски ловец Су-57, пренесува Интерфакс Украина.

Во своите тврдења, украинските разузнавачи се повикуваат на сателитски снимки од местото каде што се наоѓал авионот на аеродромот.

Фотографиите покажуваат дека на 7 јуни Су-57 стоел недопрен, а веќе следниот ден во неговата околина како последица од пожарот се појавиле кратери од експлозии и карактеристични траги од пожар, се вели во соопштението.

Су-57 е повеќенаменски ловец од петта генерација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.