Најмалку 100 лица загинаа, а 150 се повредени во пожар што избувна на свадба во северен Ирак.
Би-би-си јави дека на свадбата во местото Ал-Хамданија, во провинцијата Ниневија, во северен Ирак, имало стотици гости кога доцна синоќа избувна пожар и го зафати објектот каде се одржуваше прославата.
ساتی ئاگرکەوتنەوە لە هۆڵی ئاهەنگگێڕانەکەی حەمدانییە؛ لە چەند چرکەیەکدا شایی دەبێت بە شین و دەیان کەس سووتاون#fire pic.twitter.com/gQvIIitCel
— Rudaw (@Rudawkurdish) September 26, 2023
Причината за пожарот се уште не е утврдена, но првичните информации укажуваат дека пожарот настанал по палење на огномет.
Во првичните извештаи на ирачките медиуми се наведуваше дека и невестата и младоженецот загинале во пожарот, но подоцна агенцијата Нина јави дека тие преживеале, но се сместени во болница со изгореници.
Пожарот предизвика уривање на делови од салата во која се славеше, бидејќи таа била изградена од многу запаливи, евтини градежни материјали што се урнаа за неколку минути по пожарот, соопшти ирачката Управа за цивилна одбрана.
Државната новинска агенција ИНА наведува дека најмалку 100 загинале, а 150 се повредени.
Заменик-гувернерот на Ниневија, Хасан ал Алак, за британските медиуми изјави дека е потврдена смртта на 113 лица.
Сите повредени се префрлени во болниците низ провинцијата, изјави гувернерот за ИНА и предупреди дека бројот на загинати и повредени не е конечен и може да се зголеми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.