Пет лица загинаа вчера во торнадо во јужната кинеска метропола Гуангжу.

Новинската агенција Ксинхуа јави дека во невремето се повредени уште 33 лица.

„Ова беше како Армагедон“, коментира еден жител. Град со големина на тупаница паѓал и ги пробил покривите.

Според очевидци, градот убил и некои домашни животни.

Според официјалните податоци, невремето оштетило 141 фабричка зграда, но ниту една станбена зграда не е уништена. Според Ксинхуа, спасувачката работа е веќе во голема мера завршена.

По торнадото, метеоролошката станица во областа Баијун во Гуангжу забележа брзина на ветер од повеќе од 20 метри во секунда (72 км/ч).


Пред само една недела, обилните дождови ги зафатија Гуангжу и околната провинција Гуангдонг, при што загинаа најмалку четири лица и беа принудени да се евакуираат повеќе од 100.000 жители.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.