Во Брисел владее состојба на опсада, откако човек, за кој се верува дека е Слајем Слоума, убил две лица и ранил неколку други.

Престрелката се случила во центарот на Брисел, а напаѓачот, кој на социјалните мрежи тврди дека е припадник на Исламската држава побегнал со мотор, по што се одвива потрага по него.

Медиумите јавуваат дека загинале двајца државјани на Шведска, кои дошле на натпреварот меѓу Блегија и Шведска и се шетале низ градот во своите дресови.

За време на нападот, Слума наводно извикал „Алаху акбар“, а потоа објавил видео на социјалните мрежи во кое вели дека убил две лица „за да се одмазди за муслиманите кои живеат и умираат за својата вера“.

Локалните медиуми јавуваат дека тој во текот на денот објавил статус во кој се наведува дека во Чикаго вчера било убиено палестинско дете и дека случката би била прогласена за терористички напад доколку станувало збор за христијанско дете.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.