Украинскиот министер за енергетика Херман халушенко денеска изјави дека нуклеарната централа Чернобил повторно е приклучена на националната електрична мрежа.
Руските сили пред четири дена ја исклучија Чернобил од националната електрична мрежа.
Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека му дозволило на украинскиот тим пристап до оштетените далноводи во областа околу нуклеарната централа Чернобил.
Нуклеарната централа во Чернобил не е активна, но во неа се вработени околу 200 луѓе. Според експертите опасноста од таа нуклеарна централа по јавното здравје е помала бидејќи не е активна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.