Осум турски државјани, од кои неколку жени, се киднапирани на Хаити, јави медиумската куќа „Хаити24″.

Инцидентот се случил синоќа попладнето на автопатот осум што ги поврзува Доминиканската Република и Хаити. Притоа вооружени лица во областа Кроа де Букет го запреле автобусот со кој патувале турските државјани. Властите биле информирани за нападот, а досега не е побаран откуп за киднапираните.

Минатиот петок локална банда киднапираше доминикански дипломат кој беше ослободен по четири дена минати во заложништво.

Две вооружени банди водат меѓусебни престрелки за контрола на територија во областа Кроа де Букет Во оружените судири меѓу припадници на двете банди изминатите две седмици беа убиени најмалку 75 лица, десетици се ранети, а илјадници раселени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.