Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) соопшти дека речиси осум милиони бегалци од Украина пристигнале во земјите од Европа откако во февруари минатата година таа држава влезе во воен конфликт со Русија.
Во соопштението се наведува дека во текот на измината недела тој број се зголемил за 10.571 човек.
УНХЦР објави дека од 24 февруари 2022 до 17 јануари 2023 година, најмногу луѓе засолниште побарале во Русија, односно 2.852.395, потоа во Полска 1.563.386 луѓе и во Германија 1.021.667 луѓе.
Според УНХЦР, точниот број луѓе кои ја напуштиле Украина од почетокот на војната е 7.977.980.
Во Чешка пристигнале 482.049 лица, во Италија 167.925, во Шпанија 161.012, а во Велика Британија 155.500 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.